Кети Пери: Човечкото месо е најдобро, а канибализмот е на лош глас заради гадливите христијани

Според пејачката канибализмот е многу попопуларен отколку што се мисли и многу луѓе во Холивуд можат да потврдат дека човечкото месо е најдобро на светот. За среќа, ова е само уште една во низата лажни вести - израз кој компанијата Колинс, која издава речник на англискиот јазик, го прогласи за израз на годината.

0
2230

Зборувајќи на француското радио, Кети Пери, пејачката на „Bon Appetit“, меѓудругото, рекла и дека „канибализмот е на лош глас поради гадливите христијани и нивните лицемерни доблести и морал“, но дека консумирањето на човечко месо е всушност супер здраво и добро за сите нас.
„Постојат витамини кои го подобруваат животот и минерали во човечкото тело кои не можат да се добијат од животинското месо“ – тврди Пери.
На прашањето кои се тие витамини и минерали што ги има во човечкото месо, а ги нема во животинското, пејачката одговорила: „Ви кажувам, тие луѓе живеат подолго од просекот, а нивното здравје е подобро, верувајте ми“.
„Ви кажувам затоа што мислам дека сепак ја цените добрата храна. Тоа е во вашата култура. Да се јаде човечко месо не толку страшно ако на минута го оставите настрана глупавиот буржоаски морален код“.
Исто така, пејачката го опишала своето прво искуство со канибализмот во Холивуд:
„Постои група стари холивудски момци кои имаат годишна вечера на која главно јадење е човек. На секој гостин му е дозволено да донесе со себе некого. Пред неколку години, кога бев „нова во градот“, добив покана од еден добар пријател, чие име сега не би требало да го кажам, кој ми објасни дека секоја година се одбира домаќин за следната со влечење сламки. Негова задача е да го обезбеди главното јадење, и тоа мора да биде човек. Бев малку гадлива но кога слушнав кој доаѓа, веднаш бев спремна да одам. Си мислев во себе … „Луѓето постојано умираат и нивните тела одат во отпад. Ако можеме да ги користиме нивните органи за медицински цели, зошто не би го јаделе нивното месо?“
На прашањето што се случувало на вечерата, Пери објаснила: „Беше тоа голема раскошна гозба. О Боже, највпечатливото јадење беше она што се нарекува Foie Humaine. Вие би требало да го цените тоа што сте Французи. Тоа е асоцијација на foie gras, сфаќате ли? Но наместо товење на гуска и јадење на нејзиниот црн дроб кој изгледа добро, црниот дроб на овој човек беше товен со џанк фуд“.

Опишувајќи се себеси како не толку голема љубителка на органи во исхраната, Пери го пропуштила јадењето со црниот дроб. но уживала во човечкото месо во текот на долгите баханалии.
„Има вкус на свинско“, го опишала Пери вкусот на човечкото месо, „но, малку е погорчливо и посилно по вкус“.

Оваа вест која се прошири деновиве на интернет е уште една од низата лажни вести, израз кој компанијата Колинс, која издава речник на англискиот јазик, го прогласи за израз на годината.

Овој термин, кој се состои од два збора, ќе биде вклучен во следното печатено издание на речникот.

Терминот се дефинира како „погрешна, често сензационалистичка информација, која се шири под маската на известувањето.“

Според Колинс, употребата на овој израз се зголемила за 365 пати од 2016 година, кога првпат беше употребена во контекст на вестите за Хилари Клинтон, од кои дел беа објавувани од Фејсбук корисници во Македонија.

Американскиот претседател Доналд Трамп бргу го прифати и популаризираше овој израз, обвинувајќи ги медиумите кои го критикуваат, пред се телевизијата Си-Ен-Ен, дека се „фејк њуз“. Оттогаш изразот стана препознатлива кованица на претседателот.

Според речникот Колинс, овој израз со помал интензитет се користел од почетокот на 21 век, со цел да се опишат вести кои се претерано сензационалистички, или целосно лажни, но сепак се објавуваат како легитимни.

Директорот на Колинс за јазична содржина, Хелен Њустед изјави дека терминот „лажни вести“ бил неизбежен оваа година и дека тој допринел за „поткопување на довербата на општеството во новинарското известување“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here