Киш лорен по оригинален француски рецепт

Во духот на неделата на француската кујна обезбедивме за вас оригинален француски рецепт за класикот на француската кујна – Киш лорен.

0
325

Состојки:

За тестото:

200 г брашно

Малку сол

90 г омекнат путер

70 мл вода

За филот:

200 г сува сланина

2 јајца

2 жолчки

200 мл павлака

200 мл mleko

Сол

Црн пипер

Морско оревче

Приготвување:

  1. Ставете ги брашното и солта во сад за месење. Додадете го путерот и со прсти замесете зрнесто тесто. Додадете вода и брзо измешајте. Замесете меко тесто кое не смее да биде лепливо. Развлечете го на дното од калап за печење тарт или во обична тркалезна тепсија со пречник од 28 цм.
  2. Исечете ја сланината на коцкички и распоредете ја врз тестото. Спојте ги во чинија останатите состојки, зачинете по вкус и ставете ја смесата во калапот.
  3. Печете на 180 степени 45 до 60 минути.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here