Климатските промени ќе имаат најголемо влијание врз земјоделието

Во извештајот објавен од советот од стотици научници минатата година, честопати се наведува предупредувањето дека емисиите на стакленички гасови треба драстично да се намалат што е можно побрзо за да се ограничи затоплувањето да достигне ниво на кое ефектите би можеле да станат „неповратни“.

0
44

Телото на Обединетите нации, фокусирано на климатските промени, треба да објави нов извештај за поврзаноста помеѓу климатските промени и земјиштето, вклучувајќи го и тоа како затоплувањето влијае врз земјоделството и безбедноста на храната во целиот свет.

Во извештајот се очекува да се сумираат истражувањата за прашања, како што е влијанието на климатските промени врз земјиштето низ целиот свет, како и да се погледне како некои промени во нашите односи кон земјиштето би можеле да помогнат да се ограничи идното затоплување. Извештајот, најавен за објавување оваа недела, е еден од серијалот составен од советот на ОН со цел да информираат за меѓународните дискусии за климатските промени, вклучително и за самитот за климатски промени на ООН во Њујорк следниот месец.

Зеке Хаушум, аналитичар од непрофитната истражувачка група Berkeley Earth, изјавил дека е важно да се погледне влијанието на климатските промени врз земјиштето и земјоделието, одделно од глобалните просеци, бидејќи тоа е местото кадешто луѓето ќе бидат најпогодени.

„Целиот свет се загреа за околу 1,1 степени Целзиусови, 2 степени по Фаренхајт, од пред-индустрискиот период, но ако ги погледнете копнените области тие се затоплуваат околу 50 проценти побрзо“, изјавил тој за ABC, велејќи дека разликата е делумно затоа што океаните имаат капацитет да апсорбираат повеќе топлина.

Анализата на Berkeley Earth во однос на температурите на копнената површина во последните 250 години покажа дека тие се зголемија за околу 1,5 Целзиусови степени во истиот временски период, со тоа што околу 0,9 степени од тоа затоплување се случи во последните 50 години.

Тој вели дека затоплувањето во Арктикот или на Алјаска се подобри показатели за влијанието на потоплите температурни периоди на копното, кадешто во некои области има просечно зголемување од 3 или 4 Целзиусови степени. Националната администрација за океани и атмосфера објави оваа недела дека температурите во Алјаска овој јули биле највисоки досега, речиси 5,5 степени потопло од просечните температури во овој месец.

Хаушоф вели дека иако најголемиот дел од фокусот во САД има тенденција да биде на домашните влијанија од климатските промени, токму земјите што придонесуваат со помалку стакленички гасови се најпогодени од затоплувањето на климата преку суши, зголемени топлотни бранови или поплави поради подигање на нивото на морињата.

„Еден од најголемите предизвици на климатските промени е тоа што луѓето кои се најмалку одговорни за климатските промени се најпогодени од нив“, вели тој, додавајќи „може да се изгради одбранбен ѕид од морски бранови околу Менхетен, но многу е потешко да се изгради еден во Бангладеш “.

Претходните извештаи од Меѓувладините панели за климатските промени предизвикаа загриженост во врска со напредокот на светот во исполнувањето на целта поставена со Парискиот договор за ограничување на затоплувањето на 2 степени Целзиусови. Во извештајот објавен од советот од стотици научници минатата година, честопати се наведува предупредувањето дека емисиите на стакленички гасови треба драстично да се намалат што е можно побрзо за да се ограничи затоплувањето да достигне ниво на кое ефектите би можеле да станат „неповратни“.

Последните пет години беа најтопли во запишаната историја, тврдат владини научници од NOAA.

Фото: Pixabey