Кнедли од тиква

Доста ви е од класичен компир, тестенини и ориз? Зошто да не си направите кнедли од тиква?

0
271

Состојки:

550 г компири

200 г исчистена тиква

2 јајца

1 лажица путер

Малку мускатно оревче

Сол и црн пипер

150-200 г брашно

Приготвување:

  1. Сварете ги компирите во лушпа, а тиквата исечете ја на коцкички и сварете ја во малку вода.
  2. Излупете ги компирите и испасирајте ги заедно со тиквата. Додадете ги јајцата, путерот, мускатното оревче, сол, црн пипер и брашно и замесете тесто. Додавајте брашно по потреба за да не се лепи тестото.

3. Поделете го тестото на 4 дела, а секое парче обликувајте го во тенок колбас и исечете го на 12-16 кнедлички.

  1. Сварете ги кнедлите во солена вода, исцедете ги и послужете ги поросени со пармезан и рукола.

loading...