Која е намирницата која има повеќе протеини од јајцата?

Здравите грицки кои служат како замена за чипс, намази кои ве прават да бидете долго сити, пријател на мускулите и на здравите диети – оваа намирница е неисцрпна инспирација за сите кои сакаат да се хранат здраво.

0
603

Намирницата која има повеќе протеини од јајцата и е вистински пријател на мускулите и на здравите диети, е наутот кој е полн со белковини и прехранбени влакна, а не треба да се занемарат ниту антиоксидансите, железото, магнезиумот, калиумот и витамините А, Е и Ц.

Благотворните зрна имаат околу 15 грама протеини по шолја, заради што се и сојузници на вегетаријанците, веганите, но и на делотворното симнување на килограми зашто го продолжуваат чувството на ситост. Стотина грама наут дневно делотворно го намалува лошиот холестерол, го подобрува здравјето на цревата и го штити срцето од болести на срцето, дијабетес и рак.

Варивото е само пчеток на приказната за начините на кои може наутот да се вклучи во секојдневната исхрана. За да омекне доволно, по натопувањето сварете го со пола лажица сода бикарбона и потоа исцедете го, ставете нова вода и продолжете со варењето. Задолжително накиснете го пред варењето, најдобро преку ноќ, а посолете го дури на крајот за да остане цел.

Од наутот се приготвуваат и здрави грицки. Сварете ги така за да не е премногу мек или земете го оној од лименка па исушете ги и намрсете ги, додадете му ги омилените зачини во прав и печете на 200 °C во тепсија за печење. Секои 10 минути протресете ги за да не загорат. Печете околу пола час.

За да можете секогаш да го имате при рака, лесно можете да направите убав намаз. Ако сте љубител на хумус, а ви здодеал традиционалниот рецепт во кој се ставаат наут, таан, маслиново масло, лимон, лук и зачини по желба, испробајте и хумус на малку поинаков начин.

Зелен хумус:

Состојки:

Конзерва наут или 400 г варен наут

1 рака спанаќ

Чешне лук

Лажица таан

Малку цеден лимон

Лажица маслиново масло

Вода по потреба

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во блендер и изблендирајте.

Можете да ги испробате и неодоливите фалафел-топчиња од наут, а течноста од конзервата искористете ја како замена за јајца.

Фото: Pixabey