Кој вели дека здравото мора секогаш да е и скапо?

Три дена по ред вечерајте ја оваа иста салата од најефтините состојки и ќе видите како ќе се прочистите, ќе ја намалите тежината, а ќе ја регулирате и киселината во желудникот.

0
584

Ако сакате да го обновите својот организам, а не знаете како, набавете ги намирниците за оваа лесна и здрава салата. Намирниците кои ви требаат се лесно достапни и ефтини, а рецептот за оваа салата ги чисти фекалните масти во цревата и на тој начин ја намалува тежината, а исто така, ја регулира и киселината во желудникот.

Главни состојки на оваа сѐ попопуларна „Витаминска салата“ која го збогатува телото со витамини и минерали се влакната и пектинот.

Еве го и рецептот.

Состојки:

Зелка

Репа

Морков

Сок од лимон

Маслиново масло

Магдонос или целер

Приготвување:

Изрендајте ги зелката, репата и морковите во сооднос 3: 1: 1.

На ова додадете зачински билки по свој вкус (магдонос, целер…). Измешајте го зеленчукот за да се ослободи сок. Потоа додадете малку сок од лимон.

На крајот додадете маслиново масло или некое друго растително масло по ваш избор. Салатата немојте да ја солите. Толку! Вашиот оброк е спремен. Јадете ја оваа салата за вечера три дена по ред и ќе ги видите првите резултати кои ќе ве воодушеват!

Фото: Pixabey