Ќофтиња од цвекло

0
581

Состојки:
2 цвекла
1 тиква со средна големина
½ шолја чешниња лук
½ главица кромид
2 шолји ореви
1 шолја магданос
4 јајца
1 шолја кус кус
сол, мелен црн пипер, мајчина душица, чили
шолја брашно
масло за готвење

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на околу 230 степени. Замотајте го цвеклото во алуминиумска фолија и печете го околу 90 минути. Извадете го цвеклото од рерна и оставете го да се излади. Потоа, внимателно излупете го и исечкајте го, или изрендајте го.

2. Додека се пече цвеклото, подгответе го кускусот. Во лонец сипете една шолја вода, една супена лажица масло и малку сол. Оставете ја водата да зоврие, тргнете ја од оган, ставете внатре шолја кускус, покријте го тенџерето и оставете го кускусот да отстои 5 минути или додека набабри.

3. Излупете ја и исечкајте ја на ситни парчиња тиквата, и заедно со кромидот, лукот, оревите и магдоносот измешајте ја со цвеклото и со кускусот.

4. Додајте ги јајцата и зачините, па измешајте ги убаво сите состојки.

5. На средна температура, загрејте го маслото во длабока тава. Прекријте барем 4 см од тавата со масло, за ќофтињата да бидат целосно прекриени во масло.

6. За да ги оформите ќофтињата, користете барем две лажици од смесата. Извалкајте ги во брашно и пржете ги околу две минути.

Ќофтињата ќе добијат интересна розова боја од цвеклото. Можете да ги послужите во долгнавеста црна чинија за да ја истакнете нивната интересна боја. Гарнирајте со свеж магдонос, целер и парчиња краставица или фета сирење и чери доматчиња.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here