Кои 5 „здрави“ намирници содржат повеќе сол од кесичка чипс?

Една од намирниците кои се на лош глас поради големата количина сол е секако и чипсот.Но интересно е што некои намирници кои важат за здрави, содржат многу повеќе сол од чипсот.

0
567

Иако кујнската сол содржи јод кој се смета за неопходен елемент за одржувањ ена разни функции во телото, добро е познато дека прекумерното внесување сол во организмот не е здраво.

Имено, премногу сол во секојдневата исхрана може да предизвика срцеви, белодробни и бубрежни болести, а го зголемува и ризикот од мозочен удар. Освен тоа, многу сол предизвикува и задржување на вода која се манифестира како надуеност, зголемување на тежината или отеченост.

Сепак, тоа најчесто не не спречува и понатаму да консумираме големи количини сол преку солени намирници како чипсот до навидум „здрави“ намирници кои содржат сол во големи количини – а, на прв поглед не делуваат толку солено. Верувале или не, во некои намирници кои немаат солен вкус, се крие повеќе сол отколку во чипсот.

Конзервиран сос од домати

Сосот од домати содржи ликопен како каротеноиди заради што е одличен сојузник за намалување на ризикот од срцеви болести и од некои видови на рак. Меѓутоа, само пола шолја од овој вкусен сос содржи 642 мг сол (кесичка чипс од 30 г содржи 170 мг).

Пченкарни и овесни снегулки

Тие се за многумина омилен појадок кој никако не го поврзуваме со солта. Но треба да имате на ум дека одредени житарки имаат повеќе натриум во себе од чипсот. На пример, една шолја пченкарни снегулки имаат 270 мг натриум, што е 12 отсто од препорачаната дневна доза.

Интегрален леб

Зависно од тоа за кој вид станува збор (па дури и ако е интегрален), едно парче леб содржи помеѓу 100 и 200 мг сол. Со други зборови, со консумирање на само две парчиња леб дневно во организмот ќе внесете повеќе сол отколку со една кесичка чипс.

Немасно сирење

Да, и немасното сирење е на овој список. Само пола шолја вакво сирење содржи дури 270 мг сол. Отприлика оваа мерка е количина која ја внесуваме во текот на еден оброк. Со други зборови, невозможно е да не се претера со внесување преголема количина во организмот ако консумирате немасно сирење.

Супа од кеса

Истражувањата покажале дека луѓето кои го почнуваат оброкот со супа од зеленчук внесуваат и до 20 отсто помалку калории од оние кои не го прават тоа. Според тоа, домашната супа од зеленчук може да помогне во намалувањето на тежината. Тоа не е случај со супата од кесичка. Само една чинија со оваа супа содржат од 900 до 1600 мг сол, што е прилично многу. Значи, одберете ја домашната варијанта.

Фото: Pixabey