Кои се вечните правила за здрава исхрана?

Некогаш мастите се сметале за лоши, а сега станаа пожелни, некогаш млекото беше задолжително во исхраната, а сега е наводно штетно. Но кои се оние нешта кои не се смениле?

0
1016

Понекогаш терминот здрава исхрана може да го збуни човекот, затоа што трендовите често се менуваат. На пример, некогаш мастите се сметале за лоши, а сега станаа пожелни во исхраната. Сепак, постојат некои општи правила кои повеќето нутриционисти ги следат и ги препорачуваат.

Задолжителен појадок

Тешко ќе најдете стручњак кој нема да се сложи со ова. Појадокот го „буди“ метаболизмот и ви дава гориво за почеток на денот.

Ограничете го внесувањето на брза храна

Иако денеска постои и т.н. поздрава брза храна, сепак, повеќето од она што спаѓа под терминот „брза храна“ подразбира преголеми порции калории кои немаат иста количина хранливи состојки (витамини, минерали, растителни влакна, ензими), што не е добро за организмот. Со други зборови, ако морате да јадете надвор од дома, направете си ужина која ќе содржи овошје, зеленчук, интегрален леб и јаткасти плодови.

Јадете интегрална храна

Односно, намалете го внесувањето на индустриски преработена храна и секоја храна кај која за читањето на декларациите ви е потребен речник. Правете си сами пуканки, сушете овошје, печете јаткасти плодови. Купувајте свежи, сезонски намирници, по можност органски и уживајте во нив.

Слушајте ја својата глад

Јадете само кога сте гладни, престанете на првиот знак дека сте сити.

Јадете повеќе зеленчук

Секогаш на чиниите направете повеќе место за зеленчук. Колку е поразнобојно, толку подобро.

Пијте вода

На луѓето им е потребна вода за да преживеете. Тоа е факт. Пијте вода во текот на денот, тоа е најдобар начин да ја надополните течноста која природно се исфрла од организмот.

Не ги прескокнувајте оброците

Прескокнувањето на оброците го забавува метаболизмот и доведува до тоа да чувствувате огромна глад, што пак води до прејадување и најчесто, до лош избор на храна (првото што ќе ви дојде под рака).

Земете ужина кога ќе почувствувате потреба

„Ако е растојанието помеѓу главните оброци повеќе од пет часа, би требало да земете ужина. Таа ќе ви обезбеди енергија и ќе ви помогне да не се прејадувате во текот на главниот оброк“, вели диететичарот Кери Ганс, автор на книгата Мали промени во исхраната.

Избегнувајте газирани пијалоци

Доволен е еден збор: РАФИНИРАН ШЕЌЕР, за да знаеме зошто се нездрави.

Во ред е понекогаш да се згреши

Понекогаш треба да ја задоволиме потребата за благо, за грицки, за да успееме поголемиот дел од времето да се придржуваме кон здрава исхрана. Честопати е поздраво понекогаш да се згреши, отколку да се биде премногу строг кога стан