Кој треба да избегнува ѓумбир?

Ѓумбирот е една од најлековитите билки која може да се користи за лекување на низа тегоби и пореметувања. Сепак, ѓумбирот треба да се користи внимателно затоа што не им одговара на сите

0
2452

Некои луѓе треба да внимаваат при консумирањето на ѓумбир и да го користат исклучиво по претходна консултација со лекар.

Еве кои лица треба да бидат особено внимателни:

Лицата кои земаат лекови против згрутчување на крвта

Ѓумбирот ја разредува крвта, што значи дека треба да го избегнуваат лица кои земаат лекови против згрутчување на крвта или имаат пореметувања на крварењето. Пред да почнат да користат ѓумбир секако треба да се посоветуваат со лекар.

Лицата кои користат лекови против дијабетес

Ѓумбирот може да го спушти нивото на шеќер во крвта и е добар за дијабетичарите кои го контролираат нивото на шеќер исклучиво со исхрана. Но дијабетичарите кои земаат лекови или инсулин можат да го користат исклучиво по претходно советување со лекар. Ѓумбирот во комбинација со лековите може премногу да го симне нивото на шеќерот и да го зголеми ризикот од настанување на хипогликемија.

Лицата кои земаат лекови за контрола на крвниот притисок

Некои лекови за контрола на нивото на крвниот притисок можат да дојдат во интеракција со ѓумбирот. Нивото на притисокот тогаш може да стане премногу ниско, а може да се наруши и срцевиот ритам. Ако земате лекови за контрола на крвниот притисок, секако посоветувајте се со лекарот пред да почнете да користите ѓумбир.

Лицата кои страдаат од камења во жолчката

Жолчниот меур се наоѓа под црниот дроб и служи како магацин за жолчката која ја разградува маста во цревата. Ако жолчните камења тргнат низ жолчниот канал, можат да го блокираат протокот на жолч поради што таа ќе се врати во црниот дроб. Ѓумбурот пак, го поттикнува создавањето на жолч па оние кои страдаат од камења во жолчката можат да имаат превисоко ниво на жолч во жолчниот меур. Некои стручњаци препорачуваат земање на ѓумбир за отстранување на жолчните камења, додека некои сметаа дека во такви ситуации е подобро ѓумбирот во целост да се избегнува. Токму затоа е важно да се посоветувате со лекар пред да почнете да земате ѓумбир. Веројатно ќе смеете да го земате но во најмали количини.

Трудници

Досегашните истражувања дале контроверзни резултати во однос на прашањето на земање на ѓумбир во текот на бременоста.Едно истражување покажало дека ѓумбирот може да влијае врз полот на детето, а друго истражување покажало дека ѓумбирот може да го зголеми ризикот од настанување на спонтан абортус. Жените често користат ѓумбир за да ги ублажат утринските мачнини, а стручњаците советуваат да не го земаат без претходна консултација со лекар. Постои зголемен ризик од настанот на крварење во текот на бременоста па стручњаците препорачуваат да го избегнувате ѓумбирот во целост ако страдате од пореметувања на крварењето.

Колку ѓумбир смеете да земате?

Повеќето луѓе добро го поднесуваат ѓумбирот и често го користат за ублажување на пречките во варењето (мачнини, повраќање), ублажување на симптомите на артритис и менструални болки. Стручњаците истакнуваат дека лицата кои не страдаат од никакви медицински состојби дневно можат да земаат 4 грама ѓумбир во прав. Трудниците смеат да земаат 1 грам ѓумбир во прав. Во истражувањата во кои се проучувало влијанието на ѓумбирот врз здравјето најчестата доза била 250 мг до 1 грам ѓумбир 3 до 4 пати дневно.
Она што е одлично кај ѓумбирот е тоа што можете да го користите во свежа состојба и сушен и мелен во прав. Ѓумбирот во прав е поконцентриран па него треба да го консумирате во помал обем. Имено, 1 лажица свеж ѓумбир е еднаква на 1/4 лажичка ѓумбир во прав.

loading...