Која храна може да ме заштити од Алцхајмерова болест?

Колку и да е тешка Алцхајмеровата болест, сепак постои можност да го намалите ризикот од неа.

0
906

Во раните фази, тешко е да ја разграничите Алцхајмеровата болест од малите проблеми со меморијата и концентрацијата кои што сите ги искусуваме на некој начин. Но, како што одминува времето, меморијата ве напушта се повеќе и повеќе, а однесувањето станува палаво, па дури и агресивно. Она што се случува во мозокот, е тоа што клетките умираат и паралелно со тој процес се создаваат кластери од абнормални проетини, како наслаги и јазли.

Пред да се дијагностицира со оваа болест, докторите проверуваат дали има други причини за губиток на меморијата – инфекција, анемија, депресија, удар, проблеми со тироидната жлезда, тумор на мозокот или контраиндикации од земањето на одреден лек. Случаите од чисто генетска природа се ретки. Колку и да е тешка Алцхајмеровата болест, сепак постои можност да го намалите ризикот од неа.

Како да се хранам за да го намалам ризикот?

Најпрво, намалете го внесот на заситени масти. Ова се масти кои што се наоѓаат во храна како што се сланината или стекот. Една студија покажала дека оние што консумираат околу 25 грама заситени масти дневно, двојно повеќе се изложени на ризик да развијат Алцхајмерова болест од оние кои што јаделе двојно помалку заситени масти. На пример, еден хамбургер содржи помеѓу 3 и 8 грама заситени масти, а едно јајце содржи околу 2 грама. Растителната храна, пак, содржи само незначителни траги на заситени масти, освен неколку висококалорични исклучоци како што се оревите и авокадото. Иако повеќето растителни масла се со ниска вредност на заситени масти, палминото и кокосовото масло се натрупани со нив.

Одбегнувајте делумно хидрогенизирани масти. Овие масти се наоѓаат најчесто во тестенините. Како и заситените масти и овој тип на масти се поврзуваат со појавата на Алцхајмерова болест, па препорачливо е да ги избегнувате.

Исфрлањето на делумно хидрогенизираните масти и заситените масти ќе ви го намали нивото на холестерол во крвта, а од тоа ќе има бенефит целиот ваш организам. Студиите покажуваат дека кај жените кои што имаат повисоко ниво на холестерол се зголемува ризикот од развој на деменција, во споредба со оние кај кои нивоата на холестерол се ниски.

Внесувајте Б витамини. Фолната киселина, како и Б6 и Б12 витамините му помагаат на телото да се ослободи од хомоцистинот, супстанца која се наоѓа во крвта а се поврзува со Алцхајмеровата болест и болести на срцето, како и со холестеролот. Зелениот зеленчук содржи фолна киселина. Житарките и муслите исто така содржат фолна киселина. Извори на витамин Б6, пак, се гравот, бананите, јаткастите плодови и компирот. Витаминот Б12, пак, може да се прими преку соиното млеко или кој било мултивитамински суплемент на исхраната.

А што е со алкохолот?

Оние кои што консумираат алкохол во умерени дози, обично имаат помал ризик да заболат од Алцхајмер, во споредба со оние кои што воопшто не пијат. Но, доколку ја надминете дозата од три чашки алкохол дневно, ризиците за здравјето значително се зголемуваат. Од друга страна, пак, и само една чашка алкохол секој ден го зголемува ризикот од рак на дојката.

Штетни ли се садовите за готвење од алуминиум?

Истражувачите со години шпекулираа околу поврзаноста на алуминиумот со Алцхајмеровата болест, но ништо не беше докажано. Доколку сакате во секој случај да го минимизирате ризикот по здравјето одберете да готвите во садови од друг материјал.

 Подготви: Јана Колева

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here