Со која храна се лекува мамурлакот низ светот?

Антони Бурдеин го лекува мамурлакот со сечуанска храна, Скандинавците се ресетираат со харинга, а Русите пијат вода од кисели краставички.

0
280

Антони Бурдеин има свој рецепт за ресетирање по бирните ноќи. Аспирин, кока-кола и зачинета сечуанска храна.
Модерните Руси откако ќе претераат со вотка, пијат вода од кисели краставички, на Тајланд јадат силни зачинети оризови тестенини, а Ирците се колнат во протеинската бомба кој вклучува појадок од јајца, сланина, колбаси, многу путер и компири.

Грците, Турците, но и Македонците, знаат да отидат на шкембе чорба која наводно, најдобро помага во борбата со мамурлакот. Мрсна, густа и со додаток на оцет и лук, буквално враќа од мртвите.
Surströmming е скандинавски специјалитет за оние со силен желудник и послабо сетило за мирис. Ферментираните харинги се на врвот од светската скала за храна со најнепријатен мирис. Швеѓаните препорачуваат и кисели краставички, кои се најдобри во хамбургер, а нов хит за лекување на мамурлак е и кокосовата вода.
Италијаните се разбира, лекот го бараат во тестенините, а најпопуларни се шпагетите со лук и со масло и евентуално, малку луто пиперче. Ако на ова му додадете и некое еспресо, успехот е загарантиран.
На масата на совесните љубители на алкохол во Шпанија пред излегување е пинчо де тортилја. Станува збор за специјалитет од јајца, компири, кромид и пиперка кој најдобро годи по враќањето од надвор. Pincho de tortilla е најсличен на омлет со компири кој се запекува во рерна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here