Кокосов колач со јагоди

Наместо да се прават комплицирани торти со едно чудо шеќер и да се изгубат најмалку два-три часа, овие колачи се одлични за „прва помош“ кога ви се јаде нешто благо, кое нема да биде и премногу благо

0
325

Едноставно ќе си ги изматите основните состојки, јајца, кафеав шеќер или мед, брашно, зејтин и јогурт, ќе ставите овошје и се друго што ќе ви падне на памет и ќе испечете.

Состојки:

4 јајца

100 г кокос

150 мл маслиново масло или 150 г растопен путер

200 мл јогурт

Овошје по избор

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

Малку цимет

70 г кафеав шеќер

350 г брашно

Приготвување:

  1. Значи, како што рековме, сите состојки се матат…најпрвин мокрите па им се додаваат и сувите состојки.
  2. Половина од смесата се става во подмачкана тепсија, па се става овошјето исечкано на помали парченца (во случајов, јагоди), се става и остатокот од смесата и повторно јагоди.
  3. Се пече во загреана рерна околу 30-40 минути, во зависност од рерната.
  4. Сервирајте со уште многу многу сезонско овошје

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here