Колач со лимон, без печење, без желатин, вкусно и лесно (ВИДЕО)

Фото: Unsplash
261

За подготовката на овој десерт не ви требаат многу работи, ниту многу време, а ќе добиете лесен и освежителен колач без голем труд

Проверете дали имате сé што ви треба.

Бисквити, путер, млеко, густин, јогурт и најважно од сé, лимони.

За кората:

200 гр бисквити
6 лажици растопен путер (80 гр)
Направете подлога од мелени бисквити и путер и распоредете ја на дното од калапот (18Х28цм) и ставете ја во фрижидер на 30 минути.

За филот:

4 чаши млеко (950 мл)
3/4 шолја шеќер (170 гр)
5 лажици пченкарен скроб (45 г)
1/2 чаша павлака (120 гр)

Загрејте ги на тивот оган млекото и шеќерот, а потоа додавајте го густинот постојано мешајќи додека да се згусне. Додадете ја павлаката кога смесата малку ќе се олади.
Прелијте го филот врз подлогата и вратете ја во фрижидер на 30 минути.

За преливот:

1/3 чаша сок од лимон (100 мл)
1 1/4 чаши вода (300 мл)
3 лажици пченкарен скроб (25 г)
1/2 лажичка куркума или боја за храна
1/4 чаша шеќер (50 гр)

Водата и сокот од лимон заедно со шеќерот ставете ги да се варат на тивко, па додавајте од густинот и мешајте додека не се стопи. Прелијте го колачот и оставете го во фрижидер 1 час.
По желба украсете со стопено бело чоколадо или со шеќер во прав.