Колач со рогач, брашно од спелта и од овес

Во овој колач нема ни трошка шеќер, освен оној во прав кој е попрскан одозгора

0
75

Состојки:

4 јајца

200 г брашно од спелта

200 г брашно од овесни снегулки

200 г мелен рогач

2 лажици мед

100 г стопен путер

100 г стопено кокосово масло

200 мл јогурт

50мл кисела вода (по потреба)

400 г вишни

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

малку рум

Приготвување:

Се матат јајцата, па се додаваат медот, ванилиниот шеќер, румот, маслото и путерот и јогуртот. Се додаваат сувите состојки се меша и се истура смесата во подмачкана тепсија, се редат вишните и се пече во загреана рерна околу 40 минути.

Попрскајте го оладениот колач со шеќер во прав.