Контроверзна диета која го лекува варењето, но и психичките проблеми

Диетата позната како GAPS ги поделила јавноста и стручњаците. Имено, се тврди дека со менито што го препорачува оваа диета може да се излекува дури и биполарното пореметување

0
639

Што би рекле кога би се утврдило дека со исхраната можете да ја излекувате депресијата или некои ментални пореметувања? Ви звучи небично?

Токму тоа се тврди дека може да го направи сѐ попопуларната GAPS диета.

Што е GAPS?

Идејата која стои зас GAPS (Gut and Psychology Syndrome) е дека консумирајќи одредена храна, можеме да го подобриме системот за варење, но и психолошкото здравје. Жената која ја креирала диетата, Наташа Кемпбел-МекБрајд, верува дека е голем бројот на состојби како што се тешкотиите со учењето и депресијата кои се поврзани со проблеми во варењето и со цревата.

Планот на исхрана не води низ неколку фази во кои се елиминира разна храна за да се подобри состојбата на цревата и така да се влијае на психичките проблеми, па дури и оние кои се многу сериозни како на пример, OCD или опсесивно-компулсивното растројство и биполарното пореметување.

Според лекарката Кемпбел првата фаза е круцијална, а подразбира строга елиминација на храната во 6 нивоа. Тогаш би требало најмногу да се фокусираме на домашни супи, пробиотици, ѓумбир, мента и чај од камилица.

„Не внесувајте зеленчук додека проливот не престане“, објаснува официјалната страница на диетата GAPS.

„ Кога е воспален ѕидот на цревото, телото нема да ги прифати добро влакната“. Во втората фаза од почетната фаза, додаваме сирови жолчки, риба, пире од јаболка и домашен леб.

По завршувањето на почетната фаза, може да се почне со вистинската GAPS диета. Таа може да почне дури кога столицата ќе ви биде правилна.

GAPS ги исфрла сите шеќери и житарки, се зголемува внесувањето на ферментирана храна. Овој начин на исхрана би требало да го следиме барем две години, а и потоа треба да се избегнува процесуирана храна и шеќер.

Што смееме да јадеме на GAPS диетата?

Искрено, не многу. Сѐ се базира на внесувањето на многу риба, јајца и ферментирана храна.

Домашно месо и риба

Пробиотичка храна

Ѓумбир, мента, камилица

Сирови, органски јајца

Авокадо во супите

Месо на скара

Свежо цедено овошје

Лук

Непреработен мед

Дали треба да го пробате овој начин на исхрана?

Оваа диета е елиминациска и е многу ограничувачка и тоа на подолг временски период.

Може да биде опасна за одредена популација, а посебно за ранливите млади луѓе. Многу стручњаци ја критикувале оваа диета затоа што не постојат научни студии кои докажуваат таква поврзаност на менталното здравје и храната.

Фото: Pixabey