Крем од авокадо и урми

Ако сте љубител на авокадо и досега сте го јаделе само во солени комбинации, време е да пробате и некои рецепти за слатки деликатеси

0
190

Состојки:

12 урми

2 авокада

1 лажица јаворов сируп

1 лажица сок од лимон

200 г јагоди

Приготвување:

  1. Урмите исечкајте ги и оставете ги потопени во врела вода околу 30 минути. Процедете ги, а водата во која биле натопени оставете ја настрана.
  2. Преполовете го авокадото, извадете ја семката и излупете го. Плодот заедно со урмите измешајте ги во блендер или со миксер. Додадете и малку од водата во која беа натопени урмите, а потоа помешајте ја смесата со јаворовиот сируп и сокот од лимон, распоредете ја по чаши и украсете со свежи јагоди.
  3. Оставете ја во фрижидер барем на 1 час.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

18 − nine =