Крем супа од брокули

Приготвувањето на крем супа од брокула е брзо и лесно, а заради густината може да послужи и како самостојно јадење.

0
408

Брокулите се намирници кои ги има во речиси секој период од годината, свежа или замрзната, а богати се со антиоксиданси, витамини и минерали. Со само 34 калории во 100 грама, тие се идеален диетален зеленчук, полни со витамин Ц, витамин А, рибофлавин, калциум, магнезиум, железо, фосфор и калиум.

Само внимателно одберете го зеленчукот: брокулата мора да има затворени зелени цветови. Свежата брокула можете да ја чувате во фрижидер до четири дена, да не ја изгуби свежината. За крем супа можете да користите и смрзнат зеленчук. За приготвување на ова здраво јадење ви се потребни околу 30 минути.

Состојки:

½ кг брокули

1 кромид

2 чешниња лук

2 компири

2 дл павлака за готвење

маслиново масло (наместо маслиново масло можете да користите путер)

сол, црн пипер

свеж власец (власецот може да се замени со пропржен сусам, а за посебна арома наместо овие зачини додадете малку морско оревче)

1,5 л вода

Приготвување:

  1. Брокулата и компирите исечете ги на поситни парчиња.
  1. Кромидот и лукот исечкајте ги што поситно и пропржете ги на маслиново масло додека не омекне.
  2. Додадете и брокулата и компирите и после две минути и водата па варете ги околу 15 минути.
  3. Извадете го зеленчукот од супата и испасирајте го со миксер додека не добиете компактна смеса, а потоа вратете го во супата
  4. Додадете ја павлаката за готвење и зачинете.
  5. Почекајте супата да зоврие, додадете ситно исечкан власец и измешајте.
  6. Послужете топло.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here