Крем супа од пилешко со кокосово млеко

Сакате ли да испробате некои сосема нови и помалку егзотични комбинации? Подготвувањето на оваа супа нема да ви одземе многу време, а ќе добиете егзотичен оброк  со кој ќе внесете нов дух во вашата кујна

0
113

Состојки:

6 млади кромитчиња

2 чешниња лук

1 чили пиперче

200 г варено пилешко исечено на коцкички

2 лажици масло

1 лажичка мелена куркума

300 мк кокосово млеко

900 мл пилешка супа

50 г тестенини (фиде)

1/2 лимон

сол, црн пипер

1-2 лажици исечкан кориандер

Китка свеж кориандер за украсување

Приготвување:

  1. Исечкајте ги младиот кромид и лукот. Чили пиперчето исчистете го од семките и исто така исечкајте го ситно.
  2. Пилешкото сварете го и исчистете го од кожата и коските.
  3. Загрејте голем вок, ставете масло и кога ќе се загрее пропржете ги кратко кромидот, лукот и пиперчето, па додадете ја куркумата и пржете уште минута.
  4. Измешајте ги кокосовото млеко со пилешката супа (водата во која го варевте месото), и додадете го во вок тавата. Додадете ги и тестенините и лимонот исечен на тенки парчиња и почекајте да зоврие.
  5. Варете во полупокриена тава 10-12 минути и повремено мешајте.
  6. Извадете ги парчињата лимон и додадете го пилешкото месо. Зачинете по вкус и варете на тивко уште 2-3 минути.
  7. Додадете го исечканиот кориандер, сервирајте во чинии за супа и украсете со свеж кориандер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here