Крем супа од праз

Загрејте се со хранлива, здрава и вкусна крем супа

0
222

Состојки:

4 парчиња праз

1 китка магдонос

5 компири

1,5 л вода

1 лажичка копар

Сол, бибер

Маслиново масло

1 павлака

Приготвување:

  1. Излупете го зеленчукот, празот осечете го на тркалца, магдоносот исечкајте го ситно, а компирите на помали коцки.
  2. На маслиново масло пропржете го празот, додадете ги компирите, залејте со вода, зачинете и додадете го магдоносот.
  3. Кога е компирот готов, со миксер или во блендер иситнете го зеленчукот па вратете ја супата на оган.
  4. Зачинете со свеж копар и послужете со павлака.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here