Критски омлет

Некои го викаат и шпански ама оние што го јаделе на Крит, го знаат како критски. Како и да е, нема да верувате што се може да се направи на темата „омлет“

0
254

Состојки:

3 јајца

1 компир

½ пиперка

Перки од млад кромид

Сол, бибер, оригано

Маслиново масло

Приготвување:

  1. Излупете го компирот и исечете го како за помфрит.
  2. Во тавче ставете ги маслиновото масло и компирите и оставете го поклопено на тивок оган додека компирите да омекнат.
  3. Се додаваат исечканите перки од млад кромид и пиперката и се динста уште малку, а потоа се додаваат и изматените јајца и зачините.
  4. Се превртува со помош на чинија и се пече уште малку и од другата страна. Потоа можете да навалите на вкусен и обилен појадок, ручек или вечера.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here