Крофни од рерна

Еве рецепт за крофни во поздрава варијанта од вообичаената...со овошје, без пржење и маснотии.

0
503

Состојки:

250 г брашно

250 г боровници (или некое друго овошје по желба)

120 мл јогурт

80 г шеќер во прав

1 јајце

1 лажичка прашак з апециво

1 лажичка екстракт од ванила или 1 кесичка ванилин шеќер

Приготвување:

  1. Соединете ги брашното, шеќерот во прав и прашокот з апециво. Добро измешајте.
  2. Во друг сад измешајте ги јогуртот, јајцето и ванилата и приготвената смеса помешајте ја со претходната. Додадете го овошјето и измешајте.
  3. Подмачкајте ги калапите за мафини (ако имате калапи за крофни, употребете ги нив) со зејтин или путер и наполнете ги со подготвената смеса, но не до врвот.
  4. Печете во загреана рерна околу 10 минути. Поросете со шеќер во прав или со ванилин шеќер.
loading...