Крцкави ароматични бадеми со рузмарин

Зачинете ги на несекојдневен начин и уживајте во овие вкусни грицки кои можете да ги изедете како меѓуоброк, кога ќе добиете напад на глад, а немате време за ништо друго. Можат да ви послужат и како креативно мезенце за неочекуваните гости.

0
151

Освен што една рака бадеми на ден може да ви бидат вкусен штит од болестите на крвотокот, тие ги подобруваат и варењето, расположението и помнењето. Со редовна консумација можете да го зајакнете својот имунитет и сексуалната желба. Со оглед на тоа што се и неверојатно вкусни, време е грицкањето на бадеми да ви стане навика. Бадемите се дел од многу вкусни солени и благи комбинации.

Состојки:

1 шолја бадеми

1 лажичка маслиново масло

1 лажичка рузмарин

1 лажичка црвен мелен пипер

Прстофат сол

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Измешајте ги во еден сад бадемите и зачините и распоредете ги врз хартија за печење.
  3. Печете околу 15 минути.
  4. Вака приготвени можат да стојат во стаклен сад и до две недели.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here