Круша и сино сирење – вкусна комбинација за салата

Како и повеќето овошја, и крушите одат одлично во комбинација со сирење, па ако и вие ги сакате ваквите слатко-солени комбинации, пробајте ја оваа салата

0
87

Состојки: 

1 круша

стапчиња од целер

сино сирење

ореви

За преливот:

1 лажица сок од лимон
1 лажица бел балсамико оцет
1 лажица мед
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка Дижон сенф
1/4 лажичка грубо мелен пипер
1/3 чаша маслиново масло

Приготвување: 

Во чинија ставете парченца круша и стапчиња целер. Прелијте со мешавината од состојките за преливот, па додадете скршени парчиња сино сирење и сечкани пропржени оревчиња.

Фото: Pixabey