Ладна крем-супа од домати со босилек и сок од портокал

Идеално јадење за овие жештини. Се подготвува релативно брзо, а сите состојки се ефтини, лесно достапни и здрави

0
115

Состојки:

3 супени лажици маслиново масло

2 поголеми главици кромид, грубо исечкан

2 моркови

5 чешниња лук

Две конзерви од околу 750 мл пире од домати (ако го правите сами, ви требаат околу 1,5 литар исечкани, варени домати)

4 шолји вода

1 ипол шолја цеден сок од портокал

1/4 шолја шеќер

Сол по вкус

10 ливчиња свеж босилек + неколку за декорација

1/3 шолја павлака

Приготвување:

  1. Загрејте го маслото во поголемо тенџере, на средна температура. Додадете ги морковите исечкани на тркалца, кромидот и згмечениот лук и повремено мешајте додека зеленчукот не омекне.
  2. Додадете ги доматите, водата, сокот од портокал, шеќерот, солта, босилекот и варете додека не проврие, а потоа поклопете го тенџерето и оставете да се вари околу 25 минути.
  3. Кога ќе се олади, измешајте се во блендер или со миксер, додадете ја павлаката и ставете ја супата во фрижидер добро да се излади. Украсете со ливчиња свеж босилек и служете ја ладна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here