Лазањи со блитва и праз

Кој вели дека за лазањи ви треба месо? Верувајте, оваа комбинација е многу многу подобра.

0
242

Состојки:

За бешамел сос:

6 лажици путер

3 лажици брашно

5 шолји млеко

Мелен црн пипер, сол

2 шолји кашкавал

25 г пармезан

За лазањите:

1 лажица путер

2 лажици маслиново масло

3 парчиња праз (белиот дел)

3 чешниња лук

2 китки блитва

800 г тесто за лазањи

Сол, црн пипер

170 г моцарела

50 г кашкавал

Босилек

Приготвување:

  1. Во еден сад стопете го путерот на средна температура. Додадете го брашното, мешајте со мешалка и постепено додавајте го млекото додека смесата не се изедначи. Варете со постојано мешање додека бешамел сосот не се згусне. Тргнете од оган и додадете ги солта, пиперот и кашкавалите. Мешајте додека кашкавалите не се стопат.
  2. Загрејте ја рерната на 190°C и намрсете ја тепсијата за лазањи со лажица путер. Во поголема тава загрејте го маслиновото масло па динстајте го праот додека делумно не се карамелизира, а потоа додадете го лукот и динстајте ушпте 30 секунди. Додадете ја блитвата и динстајте сосема кратко, колку да омекне, а потоа зачинете со сол и со пипер.

3. Во тепсијата за печење ставете го бешамел сосот за да го покрие дното. Потоа ставете листови од лазањата а потоа зеленчукот, моцарелата и повторно залејте со бешамел. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. Завршете со слој од лазањи и бешамел кој ќе го наросите со  рендан кашкавал и со пармезан. На крајот ставете го босилекот и печете 35 до 40 минути во загреана рерна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here