Лазањи со крем-сирење и пире од тиква

Овој чизкејк со тиква е еквивалент на Монт Еверест

0
217

Состојки:

800 мл крем сирење

1/4 шолја. шеќер

1 ипол шолја павлака

2 шолји млеко

3 пудинзи од ванила во прав

1 шолја пире од тиква

1 лажиче.мешани зачини (цимет, ѓумбир, морско оревче)

10 крекери

1/4 шолја карамел

Ореви за украсување

 

Приготвување:

  1. Матете ги со миксер крем-сирењето и шеќерот околу 2 минути и полека додавајте 1 ипол шолја павлака и продолжете со матењето.
  2. Во друг сад изматете ги млекото, прашокот за пудинг, пирето од тиква и зачините.
  3. Во тава со димензии 9х13 ставете тенок слој од крем-сирењето и покријте го со крекери. Додадете пола од мешавината со пудинг и пола од мешавината со павлака. Продолжете со уште еден слој по истиот редослед, а завршете со крем-сирење.
  4. Покријте ја тавата со тенка фолија и оставете ја во фрижидер најмалку 4 часа.
  5. Поросете со карамела и со ореви пред сервирање.
loading...