Лазањи со зеленчук

Вакви лазањи се супер за пролет, и тоа не само за вегетаријанците, туку за сите кои уживаат во бројните зеленчуци во пролет. Со овие лазањи најдобро одат маслиново или масло од тиква

0
178

Состојки:

250 г кори за лазањи

300 г домати

200 г тиквички

200 г спанаќ

1 главица кромид

200 г млад кромид

399 г пармезан

3 лажици маслиново масло

Гранче свеж босилек

1/2 шолја сос од домати

Сол и црн пипер

Приготвување:

  1. Пропржете ги кромидот, доматите, тиквичките и младиот кромид.
  2. Кога се ќе омекне, додадете ги босилекот и сосот од домати.
  3. Во сад за печење ставете кора па ставете ред од зеленчукот што го пропрживте, ред свеж спанаќ и пармезан, повторно кора, па зеленчук, спанаќ и пармезан, се додека не се потроши целиот материјал.
  4. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 250 степени и ставете ги лазањите да се печат 35 до 40 минути.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here