Летни намирници кои помагаат да се регулира крвниот притисок

Важно влијание врз покачениот крвен притисок има неправилната исхрана, особено храната што содржи висок процент на сол.

0
1487

Покачениот притисок е едно од пореметувањата од кои страдаат 30-40 отсто од општата популација. Вообичаени симптоми се главоболка, несвестица, зуење во учите, нестабилност при одењето, болка во градите, недостаток од воздух, чувство на забрзана или неправилна работа на срцето. Со промена на исхраната е можно да се намалат симптомите и да се превенира ризикот од разни срцеви заболувања кои ги предизвикува високиот притисок.

Банани

Содржат доволни количини калиум, минерал потребен за регулирање на притисокот. Една банана му дава на организмот околу 12 отсто од препорачаната дневна доза на калиум. Бананите ја ублажуваат депресијата, ја креваат енергијата го поттикнуваат слебеењето и го регулираат варењето.

Магдонос

Летото е време кога има многу свеж магдонос. Богат е во витамин Ц кој е силен антиоксиданс и го чисти организмот, но и докажано го намалува покачениот притисок.

Риба

Особено морската риба е богата со омега 3 масни киселини. Тоа се здрави киселини кои го регулираат варењето и го спречуваат згрутчувањето на крвта. Барем два пати неделно ставете ја рибата на вашето мени.

Кајсии

Богати се со витамини А, Б, Ц, но и со минерали како бета каротен и калиум кој се покажал како извонреден избор во борбата против покачениот притисок. Исто така, оваа намирница го обновува оштетеното ткиво и го чува здравјето на очите.

Домати

Богати се со витамин Ц, но содржат и ликопен, кој е важен фитонутриент кој го намалува ризикот од срцеву заболувања, го забавува стареењето и го регулира варењето. Полни се со хранливи материи, а најважно е што содржат магнезиум, натриум, калциум и калиум, односно, минерали кои го регулираат крвниот притисок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here