Линцер колачи

Ова се едни од оние колачи без кои не може да помине ниту еден празник. Овој основен рецепт можете да го прилагодите на својот вкус и по желба да додадете јаткасти плодови во тестото и да го користите својот омилен џем.

0
319

Состојки:

120 г путер

120 г шеќер

1 јајце

Неколку капки екстракт од ванила

300 г брашно

Прстофат сол

Џем од кајсии

Шеќер во прав за поросување

Приготвување:

Го матиме јајцето. Одделно ги мешаме омекнатиот путер и шеќерот, додека не добиеме кремава смеса.

Постепено ги додаваме јајцето и екстрактот од ванила, брашното и солта и се заедно добро го месиме.

Тестото завиткано во проѕирна фолија го ставаме да се одмори во фрижидер неколку часа.

Кога ќе го извадиме, го делиме на два дела, секоја половина ја месиме и вадиме различни облици со тоа што долните треба да се пони, а горните со отворена средина и правиме днако број горни и долни форми.

Ги печеме на 170 степени околу 13 минути, ги вадиме и ги оставаме да се оладат.

Долните делови ги премачкуваме со пекмез, па ги ставаме одозгора горните кои претходно ги поросуваме со шеќер во прав.