Лондонски шефови гoтват во книжарница

Books for Cooks е името на книжарницата која активираше еден прекрасен проек за оживување на „највкусните“ книги.

0
93

Фантастичните рецепти од најновите готвачи се пренесуваат на чиниите во лондонската книжарница Books for Cooks лоцирана на познатата Portobello Road, пишува Индепендент.

Еден од сопствениците и неговите двајца пријатели шефови од вторник до петок подготвуваат јадења од последните објавени готвачи а потоа своето мени го објавуваат на Твитер, пазаруваат од блискиот пазар и цело утро го минуваат подготвувајќи го најдоброто од светската гастрономија.

Книжарницата се уште не е многу позната па и бројот на посетители за ручек на дневна база е скромен, но на креаторите на овој прекрасен концепт, тоа не им е проблем. Напротив, овие тематски ручеци се резервирани само одреден помал број на посетители и резервации не се примаат па целата работа функционира на принципот, кој прв дојде.
Во вторниците се подготвуваат вегетаријански јадења, а петоците се резервирани за риба. Менито се менува секој ден, а посетителите немаат право да одбираат туку го јадат она што ќе им биде послужено. Книжарницата има и свој Инстаграм профил кадешто редовно ги објавуваат новите наслови од готвачите на своите полици.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here