Лутата храна е добра за метаболизмот, ама го зголемува ризикот од деменција

Според стручното списание Nutrients, анализата на податоците кои се собирани 15 години од околу 4.500 лица постари од 55 години, укажува на забрзување на когнитивниот пад кај оние кои консумирале повеќе лута храна.

0
535

Кога станува збор за позитивното дејство на лутата храна врз здравјето на организмот, доволно е да се спомене истражувањето на кинеските научници од 2015.година во кое учествувале пола милион испитаници, а кое покажало дека лицата кои шест до седум пати неделно имаат на менито лута храна, имаат 14 отсто понизок ризик за смртност од било која причина во споредба со оние кои јадат лута храна еднаш неделно или поретко.

Но слични резултати се воочени и за смртност од конкретни болести, како рак, срцеви болести и болести на дишните патишта. Дел од позитивните резултати се препишуваат на чилито или на неговата биоактивна компонента капсаицин, кој има антимикробни, противвоспалителни, противтуморски и антиоксидативни својства. И бројни други студии ја потврдиле поврзаноста помеѓу интензивно зачинетата храна и превенцијата од разни болести, вклучувајќи ги и срцевите.

Претходните студии го поврзуваат честото внесување на лута храна и со помал ризик од дебелина и хипертензија.

Но од друга страна, австралиските и катарските научници ја поврзуваат редовната консумација на лута храна со зголемен ризик за деменција.

Според стручното списание Nutrients, анализата на податоците кои се собирани 15 години од околу 4.500 лица постари од 55 години, укажува на забрзување на когнитивниот пад кај оние кои консумирале повеќе лута храна.

Кај учесниците во истражувањето кои јаделе најмногу лута храна слабеењето на когнитивните способности било во просек двојно побрзо отколку кај останатите врсници.

Ризикот бил дополнително зголемен кај повитките испитаници, додаваат научниците.

Се проценува дека во светот живеат 50 милиони луѓе со деменција.

Фото: Pixabey