Мафини со ирско кафе

Сочните мафини со вкус на еспресо и кафеав шеќер, прекриени со шлаг и со додаток на виски ќе ви ги разгалат непцата

0
185

Состојки:

2 шолји брашно

5 лажици какао

Малку сол

2 лажички прашак за пециво

2 јајца

1 шолја кафе (или 1 шолја вода + 1 лажица инстант кафе)

½ шолја зејтин

½ шолја кафеав шеќер

100 г темно чоколадо

1 шлаг пена

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени и во калапот за мафини ставете хартиени кошнички.
  2. Во голем сад ставете ги брашното, какаото, солта и прашакот за пециво.
  3. Во помал сад изматете ги јајцата со кафето и зејтинот и додадете ја таа мешавина во сувата смеса. Кратко измешајте, па додадете го исечканото чоколадо.
  4. Наполнете ги калапите со смесата и печете ги 20-тина минути. Пред послужување украсете ги со шлаг пената во која ќе додадете и лажица виски. Поросете ги со неколку зрнца инстант кафе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here