Македонија ги избра најдобрите бармени

На 10-тото Државно првенство на бармени на Македонија кое се одржа вчера во „Мериот“, се избраа победничките коктели и бармени кои ќе ја претставуваат нашата земја на Светското првенство на бармени во Копенхаген,  Данска.

0
189

Вчера, во Скопје, на десетото државно првенство за бармени беа избрани најдобрите бармени во две категории. Титулата најдобар бармен за 2017 година во класична подготовка на коктели ја понесе Васил Пеевски со неговиот авторски коктел See you in Copenhagen. Втор со пехар се закити Ѓорѓи Симјаноски со неговиот авторски коктел Have fun. Трето место во класична подготовка на коктели освои Никола Стојмановиќ со коктелот Cupcake.

Во втората категорија флертендинг првото место го освои Александар Бошев и неговиот Oriental Exotic коктел со кој направи одлично шоу за присутните. Со второ место се закити Љупчо Јаковлески со коктелот Habibi, а третото место го освои Игор Ѓуров со коктелот Oliva.

Признание за најдобра техника во класична подготовка на коктели освои Љубен Богдански.

На ова првенство покрај натпреварувачкиот дел се одржаа и два семинари за бармените на кои се презентираа новитетите на македонскиот пазар на пијалоци.

Специјални гости предавачи беа Мате Ксатлос, бренд амбасадор за Angostura рум од Данска и Ники Неиков – бренд амбасадор за Diageo Reserve – Бугарија.

А еве ги и рецептите за победничките коктели

Победнички коктели- Класична подготовка

  1. Васил Пеевски- See you in Copenhagen

1cl Monin Passion Fruit syrup

2cl Lemon Juice

2cl Marie Brizard Mandarine Liquer

4cl Gordon’s Gin

Splash Tomas Henry Elderflower Tonic

½ белка од јајце

  1. Ѓорѓи Симјаноски- Have fun

5cl Bulleit Bourbon whiskey

1cl Marie Brizard Vanilla liqeur

2cl Monin Pumpkin spice syrup

1cl Monin Peach puree

2cl lemon juice

6cl Pineapple juice

  1. Никола Стојмановиќ– Cupcake

3cl Smirnoff Vodka green apple

3cl Marie Brizard Coconut liquer

0.5cl Monin Grenadine syrup

2cl Monin White chocolate syrup

2cl Lemon juice

4cl Pineapple juice

Победнички коктели- Флер подготовка

  1. Александар Бошев- Oriental Exotic

4cl Capitan Morgan spiced rum

1,5cl Marie Brizard Latin mango

1,5cl Monin Strawberry puree

1cl Lime juice

2cl Pineapple juice

1 лист свеж босилек

  1. Љупчо Јаковлески- Habibi

1 spoon DIEM sour cherry jam

4cl Capitan Morgan spiced rum

2cl Lemon juice

5cl Apple juice

1cl Monin Elderflower syrup

 3. Игор Ѓуров- Oliva

3cl Old Pascas White rum

1cl Marie Brizard Mango Liqueur

1cl Monin Passion fruit puree

1,5cl Monin Bubble Gum syrup

5cl Apple juice

4cl Lemon juice

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here