Македонските винарии на данскиот пазар

Министерството за земјоделство шумарство и водостопаство на Р.Македонија во соработка со Здружението „Вина од Македонија“ продолжуваат со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари.

0
228

Винарии од Република Македонија, организирани преку Здружението „Вина од Македонија“, вчера и денес (23. и 24. октомври) ги презентираат своите производи на пазарот во Данска.

Промотивните настани се одржуваат во Копенхген кадешто оваа година Тиквеш, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Попов и Попова Кула ги презентираат своите вина пред дистибутери, увозници, ХОРЕКА и други професионални купувачи на вино, како и пред крајните консументи. И оваа година при претставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на сортата Вранец, како најголем репрезент на македонките вина, при што се организирани две Мастерклас презентации за Вранец кои ги водеше реномираниот вински критичар и судија Дарел Џозеф.

Промотивните настани се финансиски поддржани и оваа година од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку програмата за поддршка на руралниот развој за 2017 година и настаните во Данска се само продолжување на промотивните активности на винариите кои минатиот месец македонското вино го презентираа во САД на три настани во Њу Џерси, Мајами и Нејплс.

Данскиот пазар е еден од најпотенцијалните пазари за извоз на македонското флаширано вино, каде извозот секоја година бележи пораст и токму поддршката и организацијата на овие промотивни настани даваат позитивни резултати во делот на градење на брендот и имиџот на македонското вино.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here