Малите „валкани“ тајни на големите готвачи

Дел од гастро-шефовите ширум светот ги споделиле своите гастрономски тајни. Прочитајте ги најинтересните и веројатно, со оглед на нивната професија, најшокантните

0
307

Иако ги сметаме за најголеми гурмани кои секојдневно ужѓиваат во деликатесите кои ние не можеме ниту да ги замислиме, и големите готвачи се на крајот од денот сепак, само обични луѓе со маани и со свои мали тајни. Порталот Fine dining lovers ги објавува изјавите на готвачите кои тие самите ги споделиле на форумот Chef Talk. Некои од нив не само што ќе ве изненадат, туку и ќе ве насмеат и ќе ве натераат да сфатите дека и готвачите се само луѓе.
Освен што генарално, сите тие обожуваат брза храна, многу мрсно и крцкави залчиња како чипс, тортилји или препечена пилешка кожичка, се наоѓа и по некој бидер кој на најверен налин може да го опише животот на еден шеф откако ќе ја напушти кујната во која толку напорно работи.

На пример, еден готвач со прекар Kaukouvagia признал дека за готвење користи пире компир од кеса, а најмногу ужива во мрсни пржени компирчиња.

Шефот Writer пак признал дека обожава хот-дог, а од десерти најмногу ужива во банана премначкана со путер од кикирики и чоколадо. Една шефица пак признала дека обожава супа од кесичка и често знае да си се почести со таква доцна навечер кога ќе посака топла и брза храна. Друг шеф признал дека после работа најмногу сака да се тушира и да пие пиво. Во исто време. Потоа сака да се почести со сендвич од путер од кикирики, сланина и авокадо. Шефот под опрекар Butzy напишал дека понекогаш, во тајландската храна што ја подготвува уфрла готова мешавина од зачини, а една шефица напишала дека некогаш се буди среде ноќ гладна и јаде ориз и грав од конзерва. Не звучи баш како некое Мишелин мени, нели?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here