Мало шкафче на улица со предмети и намирници за секој кој има потреба

Секој може да помогне во зголемување на залихата, како што секој може и да се послужи со нешто од оставата.

0
558

Кога станува збор за помагање на оние што имаат потреба, дури и малите донации прават голема разлика.

Пример за тоа е малата остава сместена на улица во Фејтевил, Арканзас, во која има храна и потрошен материјал за секој кој има потреба од нив.

Секој може да помогне во зголемување на залихата, како што секој може и да се послужи со нешто од оставата.

Џесика МекКлард сака да направи нешто со што ќе им помогне на другите.
„Мислам дека малите работи и структури создаваат простор за добрососедство и можат да решаваат социјални проблеми”, изјавила таа за „Хафингтон пост“.

МекКлард ја поставила оваа остава-кутија пред Лутеранската црква – со работи како што се путер од кикирики, леб, женски производи за хигиена, пелени и школски прибор за децата од основното училиште, кое се наоѓа во близина на шкафчето.

И добрата волја се раширила.

Идејата на МекКлард инспирирала неколку други луѓе и организации да изградат сопствени шкафчиња низ градот и во околните држави, и таа е воодушевена од нивниот ентузијазам па ги промовира и на нејзината Фејсбук страница.

„Ги охрабрувам луѓето да направат сопствени шкафчиња“, вели таа. „Ќе бидат изненадени од тоа колку повеќе овој проект им дава за возврат отколку што тие вложиле во него“.

loading...