Манастирска гибаница

Не ви требаат секогаш готови кори за да направите превкусна гибаница. Ниту пак треба многу труд и време...Еве, ако не верувате

0
296

Состојки:

700 г брашно

1/2 литар млака вода

1 квасец

1 прашок за печиво

прстофат сол

7 јајца

150-200 г сирење

1-2 лажици кисело млеко

100 мл зејтин

Приготвување:

Водата, солта, брашното, квасецот и пецивото се разматуваат со лажица, а потоа смесата се истура во подмачкана тепсија и се остава да стои 20 минути. Потоа се ставаат парченца сирење и се притискаат со вилушка за да навлезат во тестото. Се матат јајцата, со кислото млеко и маслото и се истура врз смесата со тоа што треба да се притиска за да навлезе во тестото. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или во зависност од јачината на вашата рерна, но секако брзо се пече па треба да се биде посојано во близина за да не ви загори.