Марина Луетиќ: Двапати бојадисувам јајца

Денеска католиците слават Велигден, па нашата сонародничка и читателка која веќе 3 децении живее во Загреб, ја бојадисала својата прва тура велигденски јајца.

0
322

Нашата сонародничка и читателка, Марина Луетиќ која, како што вели, сега веќе поголем дел од животот е во Загреб, бојадисува јајца по двапати. Еднаш за католичкиот и еднаш за нашиот, православен Велигден.

„Така имам можност да си поиграм и никогаш не ги правам на истиот начин. Секогаш зависи од расположението и од ентузијазмот за играње. Ама после овие двапати, не бојадисувам веќе цела година“, се шегува таа.

Годинава, првата тура е во пастелни бои, а преовладува сината бидејќи годинава, вели таа, најмногу ѝ треба еден убав и долг одмор на море.