Маринирано сирење во зачини

Сирењето е одличен додаток за секое јадење, а уште ако го „дотерате“ со зачини, ќе добиете вистински деликатес

0
286

За да го направите овој рецепт, сепак најважно е да се раководите со сопствениот вкус. Комбинирајте свежи зачини по желба, употребете маслиново или масло од тиква, а ако сакате луто, секако додадете и некое луто пиперче. Вака подготвено сирењето можете да го чувате во фрижидер и до една недела, ама се сомневам дека ќе дозволите да стои толку долго.

Состојки:

300 г фета сирење

1 лимон

1 лажичка оригано

1 гранче рузмарин

1 ловоров лист

100 мл маслиново масло

Црн пипер во зрна

Приготвување:

  1. Исечете го сирењето на помали коцки.
  2. Лимунот убаво измијте го па исечете ја кората на подолги лентички.
  3. Ставете го сирењето во стаклена тегла или некој друг стаклен сад, додадете ја кората од лимон, зачините и црниот пипер во зрна.
  4. Додадете масло и ставете го во фрижидер.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

17 + 1 =