ПОЧЕТНА ВЕСТИ Марк Де Јонг: Штипската шопска е светски рекорд, ама нема да влезе...

Марк Де Јонг: Штипската шопска е светски рекорд, ама нема да влезе во Гинис

Шопската салата која беше направена во рамки на Меѓународниот гастрономски фестивал „Cook and serve 2019“, тежела точно 348,6 кг, а била направена за 1 час и 28 минути

0
394

„Вчера во ресторанот „Канал 77“ во Штип беше направена шопска салата за светски рекорд, но за жал, таа нема да влезе во Гинисовата книга на рекорди затоа што на настанот не дојдоа судиите од Гинис. Доаѓањето на комисијата од Гинисовата книга на рекорди е премногу скапо“, рече шеф Марк Де Јонг во изјава за Арт кујна.

Де Јонг беше дел од тричленото жири кое внимаваше сѐ
да биде регуларно и во поглед на квалитетот, хигиената и тежината на салатата. Освен Де Јонг, член на жирито беа и шеф Љупчо Гиевски од „Александар Палас“ и Љупчо Јаневски, од Агенцијата за промоција на туризмот.

Шопската салата која на крајот тежела 348 килограми и 600 грама е направена за еден час и 28 минути, а во подготвувањето учествувале околу 30 студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, средношколците од угостителската струка од СОУ „Коле Нехтенин“ и вработените во ресторанот „Канал 77“-Штип.

Претходно, рекордот го држеле Охриѓани со шопска салата тешка 202,86, а пред нив, Бугарите со шопска од 86 килограми.