Мармалад од сланина?!

Ова не звучи баш примамливо, ама којзнае, ако не сте „заколнат“ вегетаријанец, можеби треба да се осмелите и да пробате

0
123

Хроно диетата, која е една од попопуларните диети кај нас, ја измислил францускиот доктор Ален Делебо. Според него, тајната на оваа диета се состои во три правила: јадете ги правилните продукти, во вистинскиот момент и во количини кои ѝ одговараат на вашата висина. Помеѓу оброците не смее да има пауза поголема од 4 часа.

Оние кои ја практикуваат оваа исхрана сигурно барем слушнале за Ана Ќубела, српска новинарка и блогерка, позната и како гуру за хроно исхрана во регионот и за нејзината страница hronokuhinja.rs, од кадешто и го позајмивме овој необичен рецепт за мармалад од сланина.

На многумина веројатно ова не им звучи многу привлечно, но дефинитивно треба да се прочита. Впрочем, исто така ми звучеше слаткото од кромид, но откако го пробав, го сменив мислењето. Сланината изгледа малку „too much“, ама никогаш не велете НЕ однапред…Се разбира, освен ако сте вегетаријанци.

Еве го и рецептот за овој мармалад кој го позајмивме од ТУКА.

Состојки:

220 – 250 г сланина

350 – 400 г домати (може и лупени домати од конзерва)

1 кромид (обичен или црвен)

1 чешне лук

1 лажичка толчена пиперка

прстофат чили

1-2 лажици оцет балзамико или сок од лимон.

Приготвување:

Ако имате месната и белузлава сланина, таа е доволно мрсна па не ви треба дополнителна маснотија за пржење. Само ситно исечкајте ја. Добро испржете ја за да биде крцкава и ставете ја на чинија. Во маснотијата од сланината пропржете го ситно сечканиот кромид, па додадете го лукчето и на крајот доматите. На крајот здробете ја сланината, додадете ги зачините и кога ќе проврие, ставете капак, намалете ја температурата и мешајте постојано 45-60 минути. Смесата треба да се редуцира и да стане леплива.