Маслинки: Црни или зелени?

Ако некогаш сте се прашале која е разликата помеѓу зелените и црните маслинки, одговорот е многу едноставен...

0
1168

Многумина не знаат, но црните маслинки се всушност само дозреани зелени маслинки. Се берат во ноември и декември за разлика од зелените кои се берат барем месец до два порано. Колку подолго зрее маслинката, нејзината боја се менува – од зелена до рубин црвена и на крајот, доаѓаме до она што го нарекуваме црна маслинка.

Зелените маслинки имаат покомпактно и посочно месо, а по вкус се посвежи и некако послатки. Црвенкастите се набрани точно во моментот на зреење, а црните всушност би можеле да ги наречеме оние кои се презреани. Колку се маслинките потемни, толку е и месото помеко, а вкусот поинтензивен и погорчлив. Црните маслинки му даваат на маслото позлатни бои, со нешто помала горчина, но самиот плод, кога е созреан има помалку антиоксиданси.

Маслинките, било да се тие црни или зелени, содржат бројни антиоксиданси. Некои истражувања потврдиле дека имаат и својства кои спречуваат развој на одредени видови на тумори. Имаат многу витамини, особено витамин Е, а и материи кои го штитат крвотокот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here