Мечкиниот лук е совршен за пролетно чистење на организмот

Ако барате супер-ефикасно средство за пролетно чистење и зајакнување на организмот, знајте дека сезоната на мечкин лук е токму сега!

0
284

Самоникнатата шумска билка Allium ursinum, исто така позната како сремуш, див лук и мечкин лук е моќен антибиотик кој е богат со витамин Ц, сулфурни соединенија и многу други лековити состојки.

Сулфурот штити од рак и инфекции и го балансира холестеролот, крвниот притисок и шеќерот.

Чистач на крвните садови

Во народната медицина, мечкиниот лук со право се нарекува чистач на крвта. Го балансира холестеролот и притисокот, со што штити од кардиоваскуларни болести. Ја стимулира функцијата на бубрезите, ги смирува дигестивните тегоби и го „растоварува“ црниот дроб, ефикасен е против цревните паразити, помага кај гихт и реума … Од див лук се подготвуваат и сок и бањи за иритирана и оштетена кожа.

Највкусни се младите листови

Листови, корени, цветчиња, семиња – целото растение е за јадење и лекување, но најлековити и највкусни се младите листови во пролет. Тие треба да се користат во свежа состојба затоа што со сушењето и со готвењето и губат лековитите својства. Луковиците (кои се користат како зачин или можат да се закиселат) се препорачува да се соберат или пред или по цветањето на дивиот лук, и семето може да се конзервира како капари.

Зазеленето го вашето мени со лисја од мечкин лук од кои може да се направат фантастични салати, крем супи, сосови, песто и сирни намази, ароматизирано мсало … Мечкиниот лук е одличен прилог со месо и риба, може да се додаде во кајгана, ориз, њоки, леб …

Ако го јадете првиот пролетен див лук, добро е да знаете дека неговиот мирис тогаш е најинтензивен, па тие околу вас ќе го почувствуваат дури и повеќе отколку ако сте јаделе лук!

Најголемо внимание е потребно при берењето!

Ако не знаете точно како изгледа дивиот лук, може да го замените со момина солза, чемерика и мразовец, отровни растенија кои никогаш не треба да се консумираат затоа што се опасни по живот!

Мечкиниот лук можете да го разликувате од наведените растенија по тоа што само тој има мирис како лукот – истријте го листот помеѓу прстите. Секако, најсигурно е да побарате совет од искусни берачи и експерти за лековити билки.

Фото: Pixabey