Медењаците на баба

Толку се вкусни што ќе посакате да ги правите секој ден, а не само за Нова година

0
121

Состојки:

350 г брашно

2 јајца

150 г путер

100 г мелени ореви

1 лажичка цимет

Прстофат мелени каранфилчиња

1 лажичка рендано мускатно оревче

4 лажици мед

3 лажици рум

Прашок за пециво

Ванила

Прстофат сол

Кора од лимон и портокал

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во еден сад па замесете тесто кое е прилично меко и затоа е најдобро да се направи од вечер и да се остави преку ноќ во фрижидерот.

Пригответе ја тепсијата за печење и земете го тестото па вадете по малку колку да обликувате топчиња со големина по ваша желба, а можете ако сакате и да вадите облици со модли.

Печете ги во загреана рерна на 150 степени околу 20 минути.

Можете да ги украсите или да ги оставите такви какви што се.

Фото: Nathan Dumlao on Unsplash