Медитеранско мезе

0
1723

Од грчките таверни до израелските ресторани, секаде ќе наидете на мезе. Мезето е мал оброк што се јаде со чаша вино, пред главниот оброк или како лесна вечера.

Во мезе може да се приготви се од парче фета сирење и маслинки послужени со чаша вино, до макала, зеленчук, салати и крокети. Атсмоферата е зачинета со пробување разни вкусови, зборување и уживање во моментот.

Мухамара

Ова е популарно источно пире направено од печени црвени пиперки, тостирани ореви и сируп од калинка. Одлична замена за хумус. Ако немате сируп од калинка, може да ставите сок од калинка. Едноставно, 2 шолји сок од калинка варете ги откриени додека се намалат на ¼ шолја.

Состојки:
(за 6 лица)
170 г ореви
3 големи црвени бабури
2 лажици маслиново масло
4 чешниња лук
2 лажички сол
2 лажици сируп од калинка

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Ставете ги оревите врз хартија за печење и тостирајте 10-12 минути или додека лесно потемна. Нека се изладат.

2. Испечете ги бабурите во рерна и излупете ги. Отстранете го семето.

3. Загрејте 2 лажици маслиново масло на среден оган, додадете лук и пржете 1 минута. Тргнете го од огнот и оставете да се излади.

4. Испасирајте ги бабурите, оревите, лукот, остатокот од маслиновото масло, солта и сирупот од калинка во блендер. Зачинете со сол и црн пипер. Сипете во сад за послужување.

Крокети од наут

Овие, лесни за правење крокети го комбинираат наутот со автентичен микс од средноисточни зачини – сумак, ким и коријандер. Сумакот е зачин кој потекнува од Источна Азија, има вкус на лимон, па може да се замени со сок од лимон. Служете ги со сос од јогурт и коријандер.

Состојки:
(за 6 лица)
50 г наут од конзерва, исцеден
½ шолја лебни трошки
¼ шолја маслиново масло
8 сушени домати во масло
2 лажици сумак, по желба
1 лажица коријандер, мелен
1 лажица ким, мелен
3 чешниња лук, згмечен
½ шолја сенаменско брашно
2 лажици масло за пржење

Приготвување:
1. Во блендер направете пире од наутот, лебните трошки, маслиновото масло, доматите, сумакот, коријандерот, кимот и лукот. Ставете сол и црн пипер по желба.

2. Со раце направете топчиња од смесата со големина на орев. Ќе излезат околу 18 топчиња. Извалкајте ги во брашно и истресете го вишокот брашно.

3. Загрејте масло на среден оган и додадете половина од крокетите. Пржете ги по 2 минути од секоја страна.

Сос од коријандер и јогурт

Ова макало или сос може да се служи со чипс, пита, печен зеленчук, како и со крокети од наут.

Состојки:
(за 8 лица)
1 шолја грчки јогурт
½ шолја коријандер
1/2 шолја власец

Приготвување:
1. Ставете ги сите состојки во блендер и добро испасирајте. Ставете сол и црн пипер по желба.

Динстани млади артичоки

Состојки:
(за 6 лица)
6 лажици маслиново масло
900 г млади артичоки, исчистени
1/2 шолја сок од лимон
4 чешниња лик, ситно сечкан
1/2 лажичка сол
700 г домати, на коцки сечкани
1/2 шолја тостирани бадеми

Приготвување:
1. Загрејте ја тавата на среден оган и додадете ги артичоките. Сипете го сокот од лимон и лукот кога артичоките ќе почнат да цврчкаат. Ставете сол, потоа намалете го огнот и оставете ги да се динстаат околу 15 минути.

2. Откријте го садот и додадете ги доматите. Нека се вари уште 5-10 минути или повеќе додека смесата се згусне или поголемиот дел од сокот од доматите испари. Ставете сол и црн пипер и додадете ги тостираните бадеми. Служете топло на собна температура.

Извор: Vegetarian Times

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here