Мексиканските маки со „зеленото злато“ и лажното гвакамоле

И во самото Мексико, на купувачите сè почесто им се подметнува гвакамоле со „лажно“ авокадо. Ова популарно овошје е сѐ поретко, а за тоа се виновни Трамп, хипстерите и нарко картелите.

0
226

Авокадото со години се смета за „супер храна“, а во последно време ова, до неодамна, егзотично овошје, го откри и пошироката публика. Само за време на најголемиот спортски спектакл во САД, Супер Боул, од Мексико на север се извезуваат 120.000 тони авокадо, кој е главна состојка за популарниот сос гвакамоле без кој е незамисливо  јадењето чипс, Начос и слични грицки. Од 2014. Година количината на увезеното авокадо е четири пати поголема.

Затоа авокадото во земјата на своето потекло станува сѐ поретко. Веќе одамна продавачите на брза храна им служат на своите муштерии такоси со лажно гвакамоле во кој тиквичките играат главна улога наместо авокадото. Иако „лажното“ Гвакамоле наликува на „вистинската“ боја и вкус, мексиканските гурмани се очајни. „Ова навистина боли“, го коментира недостатокот на авокадо веб-сајтот Chilango. Во меѓувреме, гурманите се снаоѓаат со различни рецепти, но останува фактот дека авокадото поради драстичното зголемување на цените за мексиканските потрошувачи стана луксуз.

Неквалитетна берба, зголемена побарувачка, шпекуланти …

На крајот на јуни, килограм авокадо чинеше околу 100 пезоси (пет долари). Причината е, како што објаснува земјоделецот Педро Буцио се лошата берба и зголемената побарувачка од САД.

Но, ако го прашате мексиканскиот министер за земјоделство, прашањето не е толку едноставно. Виктор Виљалобос ги обвинува шпекулантите за недостатокот на омилените плодови. Но бројките говорат во прилог на првата теза: производството оваа година падна за 1,2 отсто, додека побарувачката се зголеми за 7,6 проценти.

Авокадото доживеа огромен пораст на популарноста во западните земји во текот на изминатите неколку години и му беа припишувани различни моќи: од намалување на холестеролот, преку зајакнување на имунолошкиот систем, па сѐ до средство за побрзо губење на тежината. Интересно е тоа што до 1997. година, увозот на авокадо од Мексико во САД беше забрането. Денеска, четири петтини од мексиканските авокада сега завршуваат на трпезата на северниот сосед. Само минатата година Мексико продаде авокадо во вредност од 2,5 милијарди долари – што е повеќе од продажбата на нафта.

Германците во исто време увезуваат авокадо од Перу, Чиле, Шпанија и Израел.

Авокадото им е интересно и на нарко-картелите

Работата со авокадото стана толку профитабилна што во меѓувреме во неа се замешале и озлогласените наркокартели. Во мексиканската сојузна земја Мичоакан, центар за производство на синтетички дроги и за одгледување на авокадо, наркомафијата од одгледувачите на авокадо одамна зема рекет. Во меѓувреме, транспортот на авокадо е придружуван од паравоени вооружени милиции.

Заедно со сето ова оди и поразителниот еколошки ефект за одгледување на „зелено злато“. Авокадото има потреба од многу вода, што не е најповолен факт во времето на климатските промени. Поради одгледувањето на авокадо, илегално се расчистуваат огромни површини од заштитените прашуми.

Зголемената светска побарувачка за авокадо порасна до тој степен што Мексико, кадешто по глава на жител се консумираат седум килограми од ова овошје, размислуваше и за увоз на поевтини авокадо.

Како тоа да не беше доволно, во мексиканската драма околу авокадото се замеша и американскиот претседател Доналд Трамп кој го потресе пазарот со закана за воведување драстични тарифи во случај Мексико да не направи повеќе против илегалната миграција. Царината се откажала во последен момент и Мексиканците сега поради тоа мораат сѐ почесто да консумираат лажни гвакамоли од тиквички.

Фото: Pixabey