Мини пици од модар патлиџан

Прво подгответе го сосот. На малку маслиново масло пропржете го иситнетиот лук, додајте го доматното пире, зачинете по вкус и варете додека не се згусне.

0
1170

Состојки:

1 модар патлиџан
2 лажички мешавина од зачини (оригано, босилек, рузмарин)
1/2 филџан рендан пармезан
200 г моцарела сирење
2 чешниња лук
100 г доматно пире
лажичка сол
2 лажици маслиново масло

Приготвување:

Прво подгответе го сосот. На малку маслиново масло пропржете го иситнетиот лук, додајте го доматното пире, зачинете по вкус и варете додека не се згусне. Рерната загрејте ја на 200 степени. Отсечете ги двата краја на модриот патлиџан, а остатокот исечете го на кругови со дебелина од 1 см. Посолете и оставете го патлиџанот да се исцеди. Потоа круговите патлиџан наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Секој круг премачкајте го со маслиново масло и мешавината од зачини и печете ги околу 20 минути. Печениот патлиџан извадете го од рерна, на секој круг ставете од подготвениот сос, моцарела и пармезан. Вратете го во рерна уште неколку минути. По желба можете да додадете и шампињони, сланина или шунка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

4 × 5 =