Мусака: пола со пола

Ова звучи малку како шприцер, а всушност станува збор за тоа што пола од мусакава е со свежа зелка и тиквички, а другата со компири

0
220

Нашата читателка Ана Радованац направила неделен ручек со намера половина да остане за следниот ден. Но бидејќи нели, компирите следниот ден не е добро да се јадат, половина од мусаката направила со свежа зелка и тиквички.

Освен месото и зелката која е ситно сечкана како за салата и треба да се пропржи, другите состојки (компирите и тиквичките) се редат свежи, само исечени на тркалца.

Состојки:

500 г мелено месо

доматен сос

1 кромид

1-2 моркови

звежа зелка

тиквица

компири

јогурт

3-4 јајца

Приготвување:

Се пропржуваат кромидот, морковите и месото на вообичаениот начин, се зачинува и се додава доматен сос.

Се пропржува и зелката, а потоа во голема тепсија, на едната половина се става како подлога зелката, а на другата тркалца свежи компири. Се истура смесата со месо, па редат врз зелката тиквиците исечени на тркалца, а врз делот со компири, повторно компири.

Се прелева со јогурт и со изматени јајца.