Мусака со туна

Ако сакате мусака и сте ја пробале во сите можни варијанти, еве уште еден предлог – пробајте ја оваа мусака со туна

0
148

Состојки:

300 г туна

600 г компири

1 лажица масло

сол, црн пипер

2 дл павлака

2 јајца

Приготвување:

  1. Исечкајте ги компирите на тенки кругови, малку сварете ги во вода за да омекнат, исцедете ги и посолете ги.
  2. Премачкајте ја тепсијата со малку масло и наредете еден ред компири, па ред сечкана туна и зачинете си сол и црн пипер и други зачини по желба.
  3. Повторете ја постапката се додека не го потрошите целиот материјал и завршете со ред компири.
  4. Прелијте ги компирите со кисела павлака во која сте изматиле две јајца. Печете околу 40 минути на температура од 180 степени. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here